еМагазин
Image default
Локално

Албански државјанин нападнал полицајци во Струга

Дваесет и двегодишен албански државјанин вчера бил лишен од слобода во Струга, поради „спречување службено лице во вршење на службени дејствија“.

Секторот за внатрешни работи Охрид денеска соопшти дека Ј.Д. од Република Албанија околу 14 часот бил запрен од полицијата на улица „Партизански одреди“ додека управувал патничко возило „Мерцедес“, со албански национални ознаки.

Во возилото, како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, имало уште две лица кои немале документи за идентификација.

– При преземањето на службените мерки, Ј.Д. (22) физички им се спротивставил на полициските службеници. Двете лица се приведени во полициска станица, при што утврдено е дека станува збор за албанските државјани Д.У.(19) и К.А.(20), изјави Димоски.

По насока на јавен обвинител лицето е задржано во Полициската станица Струга и по целосно документирање на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

МИА/Фото: Општина Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Труп на непознат маж пронајден во двор во Тафталиџе

Редакција

Момче од Кавадарци почина по излетување со автомобил

Редакција

Полицајци спречиле велешанец да опожари казино

Редакција