еМагазин
Image default
Македонија

Александар Трајановски е назначен за нов директор на ТОАРИЛУЦ

Министерството за здравство информира дека за нов директор на Универзитетска Kлиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) е назначен Д-р Александар Трајановски.

Трајановски е вработен на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ од 2011 година.

Дипломирал во 2006 година на Медицинскиот Факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.  Во 2012 година завршил специјализација по ортопедија, а во 2019 година ја завршил и субспецијализацијата по трауматологија на истиот факултет.

Новиот директор на ТОАРИЛУЦ д-р Трајановски се едуцирал и на Универзитетскиот Клинички центар во Љубљана, Словенија, и во болницата Аџибадем Истанбул, Турција. Д-р Трајановски е учесник во научни проекти, автор и коавтор на повеќе научни публикации, се вели во соопштението на МЗ.

Трајановски доаѓа на местото на Илир Хасани, кој стана заменик-министер за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Илир Хасани заменикот на Филипче: Субспецијалист трауматолог кој воведе нови методи на лекување, ценет од пациентите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР: 102 лица приведени поради непочитување на мерката за забрана на движењето

Редакција

Средба на Заев со Ахмети денеска во Влада

Редакција

Мислењето на Венецијанската комисија за Законот за јазиците е одложено

Редакција