еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Алпинистите кои загинаа во рудникот Бучим биле на возраст од 20 и 45 години: Детали за трагедијата од Обвинителството

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш заедно со увидна екипа, кримтехничар од Министерството за внатрешни работи и инспектори за труд и безбедност при работа извршија увид во рудникот Бучим, работна единица Флотација, каде вчера околу 11:50 часот две лица го загубија животот, а едно се здобило со телесни повреди.

Според првичните сознанија, како што стои во соопштението од Јавно обвинителство, до несреќата дошло при чистење на два силоси, високи по 25 метри, со дијаметар од 17 метри, во кој се складира руда.

Починатите, жители на Радовиш, членови на алпинистичкото друштво „Плоча“, на возраст од 20 и 45 години, се појаснува, биле ангажирани со договор помеѓу две правни лица за специфична услуга за чистење на силосите полни со руда.

– Во текот на увидот, по дадени насоки и наредби од Обвинителството, извршено е фотографирање на самото место на настанот. Обезбедени се затекнатите траги и предмети. Идентификувани се и извршен е разговор со лицата присутни на местото на настанот.

Обвинителството издаде наредби за обезбедување на техничката документација за силосите, целокупната документација за ангажманот на алпинистичкиот клуб „Плоча“, правилниците за работа на работната единица Флотација.

Издадена е и наредба за вршење на обдукција на телата на починатите, се наведува во соопштението.

Забрането е работењето на тој дел од рудникот и ќе биде обезбедуван од полициски службеници, за да по дадена наредба од Обвинителството денеска се продолжи со вршење на увид на самото место со присуство на техничка инспекција со рударски инженери.

Основното јавно обвинителство Радовиш презема и други дејствија за откривање на причините за несреќата.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија во Радовиш: Двајца алпинисти загинаа во рудникот „Бучим“, при чистење на високо-недостапни силоси

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

25-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Кичево

Редакција

Управата за водење на матичните книги вработува 15 лица, плата до 26.257 денари

Редакција

Колку изнесува највисоката просечна бруто плата во октомври

Редакција