еМагазин
Image default
Македонија

„Алсат-М“: Во понеделник ќе се одлучува за помилувањето на бизнисменот Сеад Кочан

Во понеделник Комисијата за помилување во рамките на канцеларијата на претседателот, Стево Пендаровски, меѓу другото ќе одлучува и за барањето на Сеад Кочан, испратено преку министерот за правда, Бојан Маричиќ за делумно помилување од шест месеци, објави Алсат-М.

11-члената Комисија, предводена од Уранија Пировска, треба да одлучи дали ќе му прости или не на човекот кој го оштети државниот буџет за 17 милиони евра.

Барањето на Кочан е упатено од затворот Идризово, а го разгледувала посебна комисија при Министерството за правда, објави телевизијата.

Иако од ова Министерство велат дека нема барање за помилување на Кочан, Алсат М објави документот во кој Маричиќ бара Кочан да биде делумно помилуван за шест месеци.

„Делумно да биде ослободен од натамошно издржување затворска казна, односно шест месеци“, се вели во барањето за помилување.

Затворската казна почнал да ја издржува на 01.08.2019 година, а истата му завршува на 01.04.2024 година. Осудениот има одлежано 2 години и 5 месеци од казната. Од 01.01.2022 година треба да одлежи уште 2 години и 3 месеци затвор.

Неофицијално, шест од 11 членови се против барањето на Маричиќ и најавија бојкот на состанокот, постапка што ќе ја оневозможи работата на телото за помилување. Во отсуство на кворум, во прашање се и други помилувања.

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа шест нови лица од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 511

Редакција

Заврши распитот, таткото на Вања негира дека му давал информации на Љупчо Палевски за ќерка му

Редакција

Грчкиот претседател Павлопулос бара да се разјасни дека не се признава македонската нација, туку само државјанството

Редакција