еМагазин
Image default
Свет

Американска подморница се судри со неидентификуван објект во Јужното Кинеско море

Американска нуклеарна подморница се судрила со неидентификуван објект додека патролираше во Јужното Кинеско Море, област каде Кина има големи претензии, соопшти американската морнарица.

„Американската нуклеарна подморница „Конектикат“ се судри со неидентификуван објект за време на навигацијата во индо-пацифичкиот регион“, објави денеска прес-службата на Пацифичката флота на американската морнарица.

Подморницата за брз напад, од класата Сиволф „Конектикат“ (С СН 22) го погоди објектот додека беше под вода на 2 октомври попладне во меѓународните води во индо-пацифичкиот регион, се вели во соопштението, пренесува ТАСС.

Безбедноста на екипажот останува главен приоритет на морнарицата, беше истакнато во соопштението во кое се додава дека никој не претрпел повреди опасни по живот.

Подморницата е во стабилна состојба, нуклеарниот погон и простор не се погодени и се целосно во функција.

Прес-службата наведе дека се проценува степенот на оштетување на остатокот од подморницата и додаде дека инцидентот ќе се испита. Според Фокс њуз, инцидентот се случил во Јужното Кинеско Море.

Во извештајот се наведува дека подморницата не се судрила со друга подморница и се враќа во пристаништето.

МИА/Фото: Photo by Liam Briese on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Столтенберг по одлуката на Русија за анексија на украинските региони: Ова е најсериозната ескалација од почетокот на војната

Редакција

(Вознемирувачко видео) Застрелан поранешниот премиер на Јапонија, состојбата му е критична

Редакција

Германија забрани влез на граѓани кои не се од ЕУ до 31 август

Редакција