еМагазин
Image default
Бизнис

Американската компанија „TEXAN & Envipco“ која работи во Грција, ќе инвестира и во Македонија

Kомпанијата „TEXAN & Envipco“ одлучила да отвори фабрика во Македонија за рециклирање на пластика, информираат од Влада.

Одлуката му била соопштена на премиерот Зоран Заев, кој заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи одржаа средба со претседателот на грчко-американската комора АмЧам, Николаос Бакацелос и со претставници на компании членки на комората.

„Оваа американска компанија веќе 10 години работи во Грција со најсовремена технологија за рециклирање.

Компаниите изразија интерес за заеднички вложувања и за инвестиции во енергетиката, обновливите извори како и во циркуларна економија во насока на спроведување на Зелената агенда, како и во агро секторот.

Премиерот Заев и вицепремиерот Битиќи ги поканија компаниите во земјата, да дојдат да ги искористат можностите за инвестирање, како и за заеднички вложувања со националните компании,“ информираат од Влада.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хари Костов и Маја Стевкова Штериева остануваат во Управниот одбор на Комерцијална банка уште шест години

Редакција

Клиничката болница „Жан Митрев“ ги намали цените за лекување на ковид-пациенти

Редакција

Зошто е подобро што побрзо да се продаде зградата на Еуростандард банка?

Редакција