еМагазин
Image default
Бизнис

Зошто е подобро што побрзо да се продаде зградата на Еуростандард банка?

Одложена е одлуката на третата официјална лицитација за продажба на деловната зграда на Еуростандард банка. На седницата на Одборот на доверители, на која присуствуваше и стечајниот управник и надлежен судија повторно се манифестирани нерешителност и неодлучност, изјавија дел од доверителите.

Стечајниот управник заедно со судијата предложиле повторно да се прави процена на вредноста на зградата, на што се спротивставиле над 80% од доверителите.

Се одолговлекува целата постапка на штета на поголемиот дел од заинтересираните страни. На предходните две лицитации се избираше најповолната понуда, но потоа постапката не се спроведуваше, односно немаше одобрување и прифаќање на понудата од страна на доверителите, посочуваат дел од доверителите.

Поголемиот број од доверителите се категорични дека продажбата треба да се спроведе час поскоро. Одговорноста е на стечајниот управник и судијата да ја спроведат постапката, велат тие.

-Во моментов ништо не се решава. Фактичката ситуација останува иста: штедачите, доверителите, граѓаните и државата остануваат во неповолна ситуација и не се обесштетуваат. Поминува време, а објектот губи од својата вредност! Повеќе од две години зградата нема сопственик и истиот не се одржува.

Ако и третата лицитација не добие епилог, средства нема да влезат во стечајната маса и доверителите нема да добијат ништо. По закон тогаш следува постапка на т.н. прераспределба, каде секој од доверителите на хартија добива процентуален дел од вредноста на зградата, но реално не добива ништо конкретно. Односно само процентуален дел од некоја идна продажба, која реално може и никогаш да не  се случи, или ако се случи да биде по многу ниска цена.

Затоа во ваква ситуација логично се поставува прашањето дали е добро и понатаму да се одолговлекува продажбата?  Дали со ваквото однесување се поттикнува единствениот понудувач да се откаже, и во некоја блиска иднина да се појави некој нов кој за багателна цена ќе ја купи зградата, а доверителите реално да добијат многу малку.

Работите се очигледни! Потребна е реакција од надлежните институции, и поголема одговорност. А на лицитации очигледно е дека нема голем интерес, коментираат дел од доверителите.

Објектот има вкупна површина од 3.489 квадратни метри, во кои влегуваат 1.512 м2 под земја наменети за трезор, архива, помошни простории и 20 паркинг места.

Канцеларискиот простор е само 1.977 м2.

Деловната зграда на Еуростандард банка е лоцирана во строгото централно подрачје на град Скопје, надворешно изгледа атрактивно и секако е штета да не се користи од некого. Особено што со текот на времето ако не се одржува, ќе се обезвреднува и “може да ја прегази времето”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нормализиран железничкиот сообраќај, исплатена априлската плата во Железници Транспорт

Редакција

„Кореа ауто-трејд“ го доби тендерот на општина Куманово за набавка на автомобил вреден 13.500 евра

Редакција

Пратениците треба да ја продолжат расправата за законот за решавање на спорот на Владата со Макпетрол

Редакција