Анџело Ѓорѓиевски, првоосомничениот за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, синоќа и се предал на полицијата, информираат од Министерството за внатрешни работи.
-А.Ѓ.(28) , првоосомничениот за кривичното дело убиство на Денис Тот ноќеска (13.04.2022) околу 02 часот е спроведен во КПУ Затвор Скопје за издржување на мерката притвор, одредена од надлежниот суд.
Тој беше баран по потерница односно Наредба – XL КО. бр. 1211/22 од 12.04.2022 год. на ОЈО Скопје поради основано сомневање за сторено кривично дело „Убиство“ по чл. 123 од КЗ на РСМ.
По преземени интезнивни мерки и активности за негово пронаоѓање и приведување, лицето околу 01.20 часот се предало на полициски службеници од Оперативен тим Потраги на подрачје на нас. Аеродром, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Анџело Ѓорѓиевски, првоосомничениот за убиството на хрватскиот ракометар и се предал на полицијата
(Фото) Распишана меѓународна потерница за Анџело Ѓоргиевски за убиството на хрватскиот ракометар
Фото: Влада