На средбата помеѓу премиерите Зоран Заев и Киријакос Мицотакис вчера во Солун било истакнато дека ќе се обезбедат услови за поинтензивна работа на комисиите на двете земји кои работат на утврдувањето на трговските марки.
Вицепремиериот за економски прашања, Кочо Анѓушев пак рече дека нема да биде оштетена ниту една македонска компанија во тој дел.
„Нема да постои производ кој ќе го носи називот така како што го носело македонски, бидејќи тоа го предвидува и спогодбата. И на двете страни треба да се усогласи како точно ќе биде, но нема да биде оштетена ниту една македонска компанија во тој дел“, одговори Анѓушев на новинарско прашање.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.