еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Анета Симеска Димоска именувана за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат

Владата денеска на седница на предлог на Комисија за именување ја именуваше Анета Симеска Димоска за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), орган во состав на Министерството за економија.

Од владината прес-служба информираат дека Анета Симеска Димоска е дипломиран инженер технолог и магистер по бизнис администрација со специјалност за комерцијална ревизија на финансиски извештаи во услови на примена на информациските технологии.

Има 28-годишно работно искуство, од кои 19 години како државен пазарен инспектор, а од 2017 до 2020 година беше пратеник во Собранието.

Симеска-Димоска доаѓа на местото на Стојко Пауноски, кој беше разрешен од Владата на 27 април 2021 година, поради, како што соопшти тогаш Владата, непрофесионално однесување.

Разрешувањето на Пауновски следеше откако јавно кажа дека не може да ги преземе во ДПИ, 32-цата вработени преку програмата К-5 што му ги определи Владата, туку само оние кои имаат соодветно образование.

Фото: Фејсбук/Симеска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Корона вирусот ги „скастри“ буџетските приходи

Редакција

Две катни гаражи ќе се градат во комплексот клиники Мајка Тереза

Редакција

Слаб одзив на протестот за името Македонија во Атина: Полицијата изброја 60 илјади граѓани

Редакција