еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Корона вирусот ги „скастри“ буџетските приходи

Влошената состојба во економијата поради здравствената криза имаше соодветен ефект и врз Буџетот на Македонија (централниот буџет и буџетите на фондовите), укажува Народната банка во најновиот извештај за макроекономските показатели.

Имено, во мај 2020 година е забележано значително годишно намалување на буџетските приходи, при истовремено зголемување на вкупните буџетски расходи.

Намалувањето на приходите од 24,4% во целост произлегува од пониските даноци, неданочните приходи и придонесите, при зголемување кај останатите приходи.

„Даночните приходи во мај беа пониски за 28,2% на годишна основа, како резултат на пониските приливи кај сите ставки. Буџетските расходи беа повисоки за 11% на годишна основа, што во целост произлегува од повисоките тековни трошоци, при намалени капитални трошоци.

Тековните трошоци во мај се зголемени за 14,8% на годишно ниво, најмногу заради растот на трансферите, додека единствена ставка којашто се намалува се трошоците за стоки и услуги“, се вели извештајот.

Во периодот јануари – мај 2020 година, вкупните буџетски приходи се пониски за 8,9% во споредба со истиот период од претходната година. Намалувањето во првите пет месеци во најголем дел е резултат на пониските остварувања кај даноците и неданочните приходи, додека придонесите забележаа зголемување.

Од друга страна, вкупните буџетски расходи се повисоки за 7,9%, што се должи пред сè на повисоките тековни трошоци.

„Остварениот буџетски дефицит во периодот јануари–мај 2020 година од 18.903 милиони денари (или 2,8% од номиналниот БДП) во најголем дел е финансиран од домашно задолжување на државата, а во помал дел преку користење странски заеми, при што мал дел од приливите се задржани како депозити на државата кај Народната банка“, се вели во извештајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР ќе плаќа германски експерти за да ни помогнат во решавањето на отворените прашања со Бугарија

Редакција

НАТО по четврти пат му го продолжи мандатот на Столтенберг

Редакција

(Фото) Германскиот претседател Штајнмаер доби тегла мед од Атиџе, а се прошета и низ Стара чаршија

Редакција