еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

НАТО по четврти пат му го продолжи мандатот на Столтенберг

НATO денеска одлучи да го продолжи мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг за уште една година, оценувајќи дека треба да го задржи искусниот лидер во време кога војната беснее на прагот на Алијансата, отколку да се обиде да бара негов наследник, пренесуваат британските медиуми.

Столтенберг, поранешен премиер на Норвешка, е предводник на трансатлантската безбедносна Алијанса од 2014 година и неговиот мандат веќе беше продолжен претходно три пати.

Одлуката значи континуитет на врвот на НАТО, бидејќи нејзините 31 членка се справуваат со двоен предизвик – да ја поддржат Украина во одвраќање на инвазијата на Москва, и од друга страна да избегнат директен конфликт меѓу НАТО и руските сили.

Столтенберг (64) низ Алијансата се доживува како стамен лидер и градител на консензуси.

Столтенберг, во твит по средбата на Алијансата, напиша дека е почестен од одлуката да го продолжи мандатот до 1 октомври 2024 година.

„Трансатлантската врска меѓу Европа и Северна Америка ја обезбеди нашата слобода и безбедност речиси 75 години и во многу поопасниот свет нашата Алијанса е поважна од кога било“, напиша Столтенберг во благодарницата за изборот, пренесоа британските медиуми.

МИА/Фото: НАТО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По третпат се продава топланата Скопје Север

Редакција

(Фото) Пет розеви фламинга „одмораат“ на Преспанско езеро

Редакција

(ВИДЕО) Хит на социјалните мрежи: Вработени во УниБанка танцуваат на „Jerusalema“

Редакција