еМагазин
Image default
Македонија

Албан Малиќи назначен за почесен конзул на Мексико во Македонија

Албан Малиќи е назначен за почесен конзул на Мексико со седиште во Скопје, соопштија вчера од Министерството за надворешни работи.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи информираше дека „Албан Малиќи ја презема оваа важна функција со цел зајакнување на билатералните односи меѓу Мексико и Северна Македонија.“

„Со голема чест денеска прифаќам нова задача, почесен конзул на Соединетите Мексикански држави – Мексико. Имам голема одговорност да продолжам таму каде што татко ми прерано застана, и како конзул да придонесам во промовирањето на трговијата, културата и туризмот меѓу двете земји.

Оваа прокламација претставува нов почеток и сигнализира надеж за зајакнување на врските меѓу нашите две земји. Убеден сум дека со мојата енергија и големо искуство, овој мандат како конзул ќе го одбележам со успех. Со нетрпение ги очекувам првите активности за зајакнување на врските меѓу нашите народи,“ вели Малиќи.

Малиќи Груп му посакуваат успех во новата задача.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР: Проверката во три средни училишта покажа дека пријавата за бомба е лажна

Редакција

Најмладото на 29-години: Од Ковид-19 починале 8 лица, дополнително пријавени уште 7

Редакција

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Македонија

Редакција