еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Најмладото на 29-години: Од Ковид-19 починале 8 лица, дополнително пријавени уште 7

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа се регистрирани 8 починати лица од Ковид-19: 3 починати лица од Скопје (56г, 64г и 80г), две починати лица од Кавадарци (29г и 59г) и по едно починато лице од Велес (77г), Охрид (72г) и Ресен (72г).

Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 14-19.12.2021 година.

Починатите лица се од Пехчево (2), Куманово (1), Охрид (1), Кавадарци (1), Свети Николе (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 42г до 85г. Од пријавените, 3 лица се починати во болнички услови, а 4 лица се починати во домашни услови.

Вкупниот број на починати е 7.853.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: 214 оздравени од Ковид-19

Нови 320 случаи на Ковид-19 од 3.366 тестирања

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Падна“ седумка на Лото во износ од 669.330 евра

Редакција

(Галерија) Кафана Лантерн, во срцето на Дебар Mаало во ново рувo

Редакција

Со ХИВ во Македонија инфицирани 390 лица

Редакција