еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска ќе покрене прекршочна постапка против директорот на АХВ

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) одлучи да покрене прекршочна постапка против директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) заради повреда на одредбата „8 а“ од Изборниот законик со донесување на решение за престанок на работен однос на вработен по денот на донесувањето на одлуката за распишување на претседателските избори.

Како што беше посочено на денешната седница на ДКСК, согласно законот не може да се започне постапка за вработување на нови лица или за престанок на работен однос во државни и јавни институции од денот на распишувањето на изборите до конечното завршување, а почнатите постапки се ставаат во мирување.

За прекршокот е предвидена глоба од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Косовската претседателка Османи: Треба да почекаме да заврши судскиот процес за „Диво Насеље“

Редакција

Продолжува судењето за „Рекет“

Редакција

Собранието ќе одлучува дали ексминистерот Љупчо Димовски ќе оди во притвор

Редакција