еМагазин
Image default
Македонија

Апасиев го пријави Џафери заради објавувањето на домашната адреса

Денеска пратеникот и лидер на Левица – проф. д-р Димитар Апасиев, до Агенцијата за заштита на лични податоци, поднесе Барање за утврдување повреда на правото на заштита на лични податоци, информираат од Левица.

-Пријавеното службено лице се терети дека, на ден 12 октомври 2022, преку неговиот Кабинет, до група новинари и медиумски редакции испратил принт-скрин од потпишано Известување по претходно поднесената граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување задолжителен дополнителен референдум, каде што Апасиев, како физичко лице, фигурира како првопотпишан граѓанин, со правен статус на „овластен предлагач“.

Како фото-прилог кон Известувањето, без никакво претходно одобрение или дозвола, тој ја проциркулирал и јавно ја објавил приватна домашна адреса на живеење на подносителот, од неговата лична карта, кој импринт потоа – без никаква анонимизација или затемнување – беше објавен во етерот од скоро сите пишани и електронски медиуми во државава (радија, телевизии, веб-портали, весници и др.).

Со ова противзаконито и самоволно дејствие, пријавениот сторил намерна повреда и злоупотреба на законски заштитените лични податоци на подносителот, со што ја загрозил неговата безбедност, како и безбедноста на неговото семејство, велат од партијата.

Фото: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Графата „националност“ се брише од изводите во матичната книга на родени, одлучи Уставен

Редакција

Нови рочишта за „Титаник“, „Тенк“ и „Насилство во Центар“

Редакција

Детален преглед: Се зголемува бројот на примени пациенти со Ковид-19 по болниците

Редакција