еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Џаро денеска на Саемот на книгата со својата биографија „Живот на коцка“

Денеска на штандот на ТРИ, со почеток од 18 ч., се среќаваме со Џаро заедно со новинарката Милица Џаровска, која е автор на биографијата „Живот на коцка“.

Македонското издание на оваа биографија неодамна пристигна во ТРИ. Пред да ги читаме животните ситуации што го направија Џаро она што е, ќе имаме можност да се видиме со него и со Милица Џаровска, да си земеме потпишан примерок, да го прашаме она што нè интересира.

Организатор на над 5.000 концерти, промотор на безброј пејачи и фудбалери на кои им помогна да го достигнат врвот во кариерата, бестрашен прекршувач на законот со 135 лажирани натпревари…

Специфичниот карактер и остриот ум го соочија со најразлични перипетии. Секогаш во центарот на вниманието поради различни згоди и скандали, тој остана крал на југословенската естрадна и спортска сцена дури и по нејзиното распаѓање. Во оваа книга за неговиот бурен живот ќе пронајдете многу вистини.

Токму затоа ве очекуваме на штандот на ТРИ. Запознајте го и вие човекот што е белег на едно време што ќе остане вечно запаметено. Нека не ви раскажуваат – откријте сами денес на најголемиот настан за сите читатели – Саемот на книгата.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Историски успех: „Медена земја“ номиниран за „Оскар“ за најдобар документарец и странски филм

Редакција

Турски бизнисмен донираше 20.000 маски за македонската Армија

Редакција

УСЈЕ со донација за Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски од Скопје

Редакција