еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Арт Поинт-Гумно гостува во МКЦ

Големата ретроспективна изложба на дела од постојаната колекција на Арт Поинт-Гумно од с. Слоештица, Демир Хисар, што летово беше поставена во преубавиот Офицерски дом во Битола, доаѓа и во Скопје.

Од 22-ри ноември до 2-ри декември, скопјани ќе можат да се запознаат со дел од извонредното уметничко богатство на меѓународниот центар за уметност и одржлив развој од с. Слоештица – 65 слики, скулптури и фотографии на уметници, претставници од неколку континенти од 20 земји од светот.

Оваа поставка ќе биде завршен, од низата настани со коишто годинава, центарот го чествувше 20-годишното постоење. Арт Поинт-Гумно е визионерска рожба на семејството Андреевски. Од 2003-тата до денес, на креативното гумно во селото Слоештица, продефилираа, ни помалку, ни повеќе – 80 врвни уметници од целиот свет.

Организаторите изјавуваат дека „не случајно, завршниот настан по повод 20-годишниот јубилеј ќе се случи токму во Младинскиот културен центар, МКЦ – Скопје. Имено, една од заложбите на Арт Поинт-Гумно е да ги поддржи токму младите, талентирани творци, оние што се наоѓаат на почетоците од нивните кариери. Така, на изложбата, меѓу другите, ќе бидат изложени и дела од 20-тина млади уметници, некои од нив, денес се веќе етаблирани автори.“

Свеченото отворање на изложбата во МКЦ ќе се случи во среда, 22-ри ноември, со почеток во 20:00 часот. За активностите на уметничкото гумно ќе говори младата македонска писателка, уредник и преведувач – Јулијана Величковска, којашто вели дека секоја посета на ова единствено гумно ја доживува како празник.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Порака на снег од татко до син, кој е во болница, хит на социјалните мрежи во регионов

Редакција

Твитер „полуде“ за притворот на Мијалков: „Со лисици сум бе, какви мисици“

Редакција

Починаа 25 лица од Ковид-19, вкупната бројка достигна 2.194

Редакција