еМагазин
Image default
Бизнис

АСОМ: Со одлука на Владата спортските обложувалници ќе работат само преку шалтерски систем

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) информира дека согласно одлуката на Владата донесена на 5 април на 63-та седница, во перидот од 7 до 20 април уплатно-исплатните места, односно деловните објекти на спортските обложувалници ќе работат само преку шалтерски систем.

„Поконкретно, со одлуката на Владата приемот на посетителите и работата на спортските обложувалници ќе биде исклучиво преку вршење на шалтерска услуга, а согласно истата, делот за угостителски услуги, шанковите во спортските обложувалници воопшто нема да
работат.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија ја следи состојбата со коронавирусот и целосно ги почитува протоколите за работа, како и одлуките на Владата за превенција од понатамошно ширење на вирусот.

Асоцијацијата апелира до своите играчи во целост да се придржуваат до мерките за заштита од Ковид-19,“ се вели во соопштението на АСОМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се затвораат и обложувалници, фитнес салите, се забранува одржување семинари, обуки, работилници…

Фото: Photo by Keenan Constance on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонската берза им изрече јавна опомена на четири компании

Редакција

Директорот на Гранит, Зоран Милковски повторно купи акции на компанијата

Редакција

Државна ревизија откри дека владините мерки за зголемување на вработеноста се неефективни

Редакција