еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

„АстраЗенека“: Вакцини против новите видови коронавирусот до есен

Компанијата „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд веќе планираат на есен да произведат нова генерација вакцини против Ковид-19, кои ќе штитат од нови видови коронавирус, соопшти британско-шведската фармацевтска компанија.

На прашањето кога „АстраЗенека“ може да произведе нова генерација вакцини кои исто така ќе штитат од мутации, главниот истражувач Мене Пангалос рече дека тоа ќе се случи што е можно побрзо.

– Работиме многу напорно и веќе зборуваме не само за соединенијата што треба да ги направиме во лабораторијата, туку и за клиничките испитувања, рече Пангалос на прес-конференција, додавајќи дека ќе има нешто подготвено до есен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што треба да знаете за вакцината на АстраЗенека, која прва ќе пристигне во Македонија преку КОВАКС системот

МИА/Фото: Photo by Hakan Nural on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитот на Антонио Милошоски за датумот за преговори со ЕУ ги „запали“ социјалните мрежи

Редакција

Топ пет највисоки плати во Македонија

Редакција

Шведска ќе ги ограничи социјалните бенефиции за имигрантите кои не се од Европа

Редакција