еМагазин
Image default
Бизнис

Аутомакедонија со зголемена добивка во првото полугодие

Аутомакедонија АД Скопје во првото полугодие од годинава оствари позитивен финансиски резултат, односно нето добивка по оданочување во износ од 14,4 милиони денари, што претставува 7% зголемување во однос на истиот период 2022 година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Зголемувањето на нето добивката во 2023 година се должи на зголемени оперативни приходи за 29%, а од друга страна намалени трошоци за оперативно работење за 11% во однос на 2022 година.

Тоа резултира во оперативна добивка од 6.9 милиони денари, зголемување за 66% во однос на истиот период 2022 година.

Финансиските расходи се зголемени за 73% , што резултира со добивка пред оданочување од 14,5 милиони денари.

Билансот на состојба бележи оптимизација на обртните главно поради намалување на залихите за 40%. Тоа се ефектуира во позитивен паричен тек од редовно оперативно работење. Соодветната активност доведува до пораст на капиталот за 7%“, велат од таму

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Игор Илиевски купи акции во Аутомакедонија

Кастриот Арифи на местото на Филип Мојсовски во Управниот одбор на Аутомакедонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лукоил“ го доби тендерот на општина Аеродром за набавка на гориво вреден 36.000 евра

Редакција

Продаден блок акции од „Витаминка“ за 32.000 евра

Редакција

Коце Јанески и Димитар Џеков поднесоа оставки од Управниот одбор на „Скопски пазар“

Редакција