Аутомакедонија со драстично зголемена добивка во првиот квартал

Аутомакедонија АД Скопје во првите три месеци од годинава остварил поединечна нето добивка од 5,1 милиони денари, која е поголема за 4% од остварената истиот период лани, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Оперативни приходи изнесуваат 113,7 милиони денари, и истите бележат раст од 2%, споредено со лани.

-Растот е резултат на зголемен обем на продажба на возила на домашниот пазар, велат од таму.

Оперативните расходи изнесуваат 107,3 милиони денари и бележат намалување од 2%.

-Трошоците за вработени се намалени за околу 27%, додека материјалните и услужните трошоци исто така бележат намалување. Набавната вредност на трговските стоки бележи благо зголемување како резултат на повисокиот обем на продажба, велат од таму.

Оперативната добивка изнесува 6,5 милиони денари, и истата бележи раст од над 150%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Аутомакедонија ќе продава 4.980 сопствени акции

Аутомакедонија ќе продава имот во Белград

Аутомакедонија лани со зголемена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести