еМагазин
Image default
Македонија

„Јавна соба“ се врати

Телевизијата Телма објави дека нова група се појавила викендов на социјалната мрежа Телеграм, повторно со име Јавна соба и со иста цел, објавување на фотографии, фото-монтажи, податоци од социјални мрежи и телефонски броеви на девојки од Македонија.

Групата е со име „Јавна соба-резерва“, а девојка која контактирала со Телма тврди дека и биле објавени податоци од профилот на Фејсбук монтирани со фотографии со порнографска содржина.

Повеќе часови, на неа и стигале непристојни пораки и била малтретирана по интернет. Поради големи непријатности скопјанката која ја контактирала телевизијата рекла дека го затворила профилот.

Од сликите кои ги покажала се гледа дека групата има над 1.340 членови, а податоците за оштетената скопјанка ги ставил профил со лажно име Артун Шелби.

Ова е веќе трет пат, групи мажи да отворат група на Телеграм под име Јавна соба на која споделуваат податоци за девојки после што тие се малтретирани и сексуално вознемирувани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Креаторите на Јавна соба добија по четири години затвор за ширење на детска порнографија

Истрагата за „Јавна соба“ во завршна фаза, за „Јавна соба 2“ се чекаат информации од „Телеграм“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа четири лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.462

Редакција

Пендаровски – Левиц: Македонија припаѓа на Европската Унија

Редакција

Македонија на 34 место според новозаразени од Ковид-19 во Европа

Редакција