еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Јавно претпријатие за државни патишта се огласи за ангажманот на работници за изградба на коридорите 8 и 10д

Изградбата на Коридорите 8 и 10д е можност за нови работни места за нашите граѓани и за перспективна еконономија, на европска Македонија, велат од Јавно претпријатие за државни патишта (ЈПДП).

„Коридорот 8 и Коридорот 10-д е можност за нови вработувања и порачува, заинтересираните работници внимателно да ги следат претстојните огласи за ангажирање стручен кадар за изведување на градежните работи, поврзани со овој најголем инфраструктурен проект во државата.

Јавното претпријатие за државни патишта, посочува дека ангажманот на работна сила за изградба на Коридорот 8 и Коридирот 10-д ќе се реализира согласно постоечкиот закон, односно, согласно Законот за утврдување јавен интерес, за номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 и Коридор 10, донесен во 2021 година, а објавен во Службен весник на 16 јули истата година (бр.163).

Во член 11, став (3), каде се регулира ангажманот на работници јасно стои обврската, стратешкиот партнер да користи најмалку 51% од локални ресурси.

Ова значи, дека ако нашата земја има доволно локални ресурси, односно работна сила, бројот на локално ангажираните ресурси може да биде и поголем од 51%,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д е од исклучително стратешко значење за граѓаните и за Македонија, затоа што ќе овозможи инфраструктурно поврзување на нашата држава со регионот, што ќе придонесе и во економскиот развој на државата.

„Со овој стратешки зафат, ги поврзуваме луѓето, ги поврзуваме градовите и ја поврзуваме нашата држава со околните држави и со светот со модерна инфорастуктура, од значење за сегашните генерации и создаваме наследство за следните генерации.

Поврзувањето на Северна Македонија со Европа, носи пораст на странски инвестиции, уште повеќе нови работни места, побрз трансфер на луѓе и стоки, развивање на туризмот, а пред сè безбедни и сигурни патишта за граѓаните, дома.

Договорот за изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д е склучен согласно посточките законските одредби. Сите договори коишто се дел од работата на Јавното претпријатие за државни патишта се со назнака на доверливост, бидејќи содржат технологии на работа и структури на управување, а со тоа и потреба за заштита од конкуренцијата.

Но, претставници од Владата и членови на Комитетот за изградба на Коридорот 8 и Коридорот 10-д, ќе ги презентираат документацијата и деталите од Договорот за изградба на овие два коридора, во соодветна собраниска процедура, односно, како што е предвидено согласно законот, пред сите пратеници од Собранието, кои поседуваат соодветен безбедносен сертификат,“ се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Плати од 29.866 до 70.052 денари: Објавен оглас за вработување работници за изградба на коридорите 8 и 10д

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни електронски пораки во име на МВР, станува збор за обид за измама

Редакција

Младиот пливач Пејчиновски доби стипендија од Владата, одлуката му ја врачи премиерот Ковачевски

Редакција

На возраст од 20 до 59 се најголем дел од новозаболените од коронавирусот во Македонија

Редакција