Од денеска дизелот поскап за шест денари, бензините за три

Од денеска Еуродизелот (Д-Е V) е поскап за шест денари и ќе се продава за 94 денари за литар.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за три денари поскапуваат и бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98.

Бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за 90 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 92 денари за литар.

За седум денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кое ќе се продава за 93 денари за литар.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 3,205 денари и ќе се продава за 45,373 денари за килограм.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести