Откако Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТ) стана дел од коалицијата “Твоја Македонија“ предводена од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата доби уште еден пратеник и сега има 59.
Станува збор за пратеникот Бејџан Иљас од ДПТ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби пратеник плус
Претходно ДПТ беше дел од коалицијата “Европски фронт“ предводена од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Бејџан Иљас, пратеникот кој стана дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ
Кој е Иљас
Роден е на 23. мај 1976 година во Тетово.
Тој е доктор по медицина. Дипломирал на Медицинскиот факултет на Универзитет “Селчук“, Коња, Туркије.
По професија е лекар-специјалист вработен во Клиничката болница во Тетово.
Политичка кариера
Бил претседател на Демократска партија на Турците на Македонија.
Работел и како советник во Општина Теарце, а сега е заменик претседател на ДПТ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Зулфиќар Зејнула, новиот министер без ресор
Каков имот пријавил Зулфиќар Зејнула, новиот министер без ресор
Демократската партија на Турците стана дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: Фејсбук/Иљас














