Анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во ноември кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити е забележан месечен раст од 0,7% и 1,2%, соодветно (идентични стапки на раст како и во претходниот месец), при годишен раст од 11,4% и 15,1%, соодветно, соопшти Народната банка.
„Во ноември, автомобилските кредити и кредитите одобрени на кредитни картички остварија месечно зголемување од 2,1% и 0,2%, соодветно. Споредено на годишна основа, автомобилските кредити се непроменети, додека кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,4%.
Негативните салда на тековните сметки, во ноември остварија надолна месечна промена од 2,0%, при годишно зголемување од 3,7%. Во овој месец, кредитите одобрени врз други основи бележат месечен раст од 0,9% и годишен раст од 0,3%“, информира НБРМ.