еМагазин
Image default
Македонија

Барањата на осудените лица од Диво Насеље кои штрајкуваат со глад се разгледуваат, Косово бара екстрадиција на дел од нив, вели Тупанчевски

Доколку се утврди дека осудени лица за настаните во Диво Насеље, кои штрајкуваат со глад не ги добиваат правата што им следуваат со закон, ќе биде соодветно реагирано, изјави денеска министерот за правда Никола Тупанчевски.

Коментирајќи го овој случај министерот Тупанчевски, нагласи дека тие внимателно ги разгледуваат нивните барања.

– Директорот втор пат стапи во контакт со осудените лица и мислам дека работите се одвиваат во позитивна насока, да ги добијат сите права и погодности кои им следуваат по закон. Не сакаме да имаме селективен пристап и не сакаме да правиме парабола со некои други осудени лица.

Секое осудено лице преставува „приказна за себе” треба да се има индивидуален пристап, доколку се утврди дека не ги добиваат правата што им следуваат со закон, ќе биде соодветно реагирано, рече Тупанчевски.

Воедно, тој наведе дека заради природата на кривичното дело се работи за комплексна проблематика, и дека се во постојана комуникација и со други институции кои прават проверка од безбедносен карактер.

– Во таа смисла Управата за извршување на санкции ги носи соодветните одлуки кои што ги добива како резултат на координирана соработка со други институции, рече Тупанчевски и потврди дека официјално е поднесено барање од косовските власти за ектрадиција на дел од осудениците.

– Министерството за правда постапува, не е донесена одлука во таа насока, се работи за процес, правна ситуација каде треба да бидат анализирани повеќе фактори и Министерството за правда да ја донесе адекватната одлука, изјави Тупанчевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наскоро ќе добиеме дигитален здравствен сертификат преку апликацијата „CommonPass“

Редакција

Антикорупциска: Градоначалниците на Вевчани и Гази Баба доставиле изјави за интереси, но нецелосни

Редакција

Судскиот совет го разреши судијата Владимир Панчевски

Редакција