еМагазин
Image default
Бизнис

„Баумер“ отвори фабрика во Бунарџик, ќе извезува сензорска технологија

Напредна сензорска технологија и други полуфабриканти од електрониката ќе се извезуваат на европскиот пазар од фабриката на швајцарски „Баумер“ што денеска официјално стартуваше со работа во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 во Бунарџик.

Инвестицијата, во првата фаза изнесува 4,7 милиони евра и 150 нови работни места, со можност за вкупно 500 работни места во натамошниот период. Покрај производствениот капацитет, швајцарскиот инвеститор ќе изгради и развоен истражувачки центар во кој ќе се обучуваат млади инженери.

Фабриката во Бунарџик е нивен 39-ти капацитет во 20 држави.

Сопственикот на групацијата Оливер Вице истакна дека нудат вештини за висока технологија, интересни работни места и одлични услови за работа. Стартувале со локален тим од искусни професионалци кои во иднина ќе го прошират со едукација на мотивирани млади инженери и кавлификувани работници.

Во првата фаза на изградба, компанијата се концентрира на производство и производствен инженеринг, како и на ЦНЦ производство. Во следната фаза на проширување се планираат тимови за развој на нови производи составени од инженери за хардвер и софтвер, како и специјалисти за ИТ.

На површина од 19 илјади метри квадратни површина, изграден е капацитет од четири илјади метри квадратни од кои 2.500 метри квадратни за производство, а 600 метри квадратни за развоен центар и администратевиен простор.

Покрај тоа има доволно слободен простор за реализација на идниот раст, наведе Вице, истакнувајќи дека стартувале со производство во ТИРЗ Скопје 1 по само 18 месеци од одлуката за инвестирање.

Како што потенцираше, технолошко-индустриската развојна зона во близина на Скопје ги исполнува сите услови за зајакнување на позицијата на Баумер на европскиот пазар, а Скопскиот регион располага со високо квалификуван персонал и локациски им овозможува брза достава до клиентите ширум Европа.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сметководителите бараат продолжување на роковите за поквалитетни финансиски извештаи

Редакција

(Фото) На 14. издание на Фестивалот на младо вино промовирана новата генерална директорка на „Тиквеш“

Редакција

Во блок-трансакции продадени акции од НЛБ Банка за 740.000 евра

Редакција