еМагазин
Image default
Бизнис

Бектеши на Делфи економскиот форум: Намалување на зависноста од рускиот гас е клучен за енергетската безбедност на регионот

Кризата во Украина се одрази силно врз глобалната економија и животниот стандард на милиони граѓани ширум светот, а Македонија не беше исклучена од негативните ефекти на конфликтот.

На само две недели по отпочнувањето на кризата во Украина, Владата донесе пакет од 26 антикризни мерки во вредност од 400 милииони евра со цел олеснување на ценовните притисоци од енергетската криза и растот на цените на храната на светските берзи, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на Делфи економскиот форум кој што се одржува во градот Делфи во Грција, информираат од Министерството за економија.

На панелот насловен „Како кризата во Украина влијае на економиите во регионот“ министерот Бектеши се осврнал на негативните ефекти кои ги предизвика кризата врз македонската економија и брзиот одговор на македонската Влада со цел брзо и ефикасно справување со неминовниот ценовен шок кој што се очекуваше.

Министерот потенцирал дека трговската размена на Македонија со Русија е околу 1% од вкупната размена на земјата, а размената со Украина е околу 1,5%, што значи дека конфликтот нема директно влијание врз трговскиот баланс, но прелевањето на кризата на европските пазари со кои нашата земја ја остварува најголемата трговска размена има големо влијание врз економијата.

„Многу се важни инвестициите во енергетска диверзификација за да се намали зависноста од рускиот гас. Северна Македонија веќе превзема активности за реализација на вакви проекти, пред се изградбата на интерконекторот за природен гас со Грција.

Тоа ќе донесе поголема енергетска стабилност и безбедност во целиот регион. Но, конфликтот во Украина е лекција за Европската унија, а тоа е дека потребна е брза интеграција на Балканот во Унијата за просперитет на целиот регион” кажа Бектеши.

Бектеши посочил и дека покрај очекувањата за стабилизација на економијата по превземените мерки од страна на Владата, сепак неизвесноста во наредниот период останува.

На панелот министерот Бектеши за влијанието на украинската криза во регионот дебатираше со Јоанис Смирлис, генерален секретар за меѓународни економски прашања во Министерство за надворешни работи на Грција, Дејан Шошкиќ, професор на Економски факултет во Универзитет во Белград, а модерирал Топлица Спасојевиќ од Српско здружение на економисти.

Фото: Министерство за економија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за финансии: Приливите по основ на лични трансфери, помош и подароци не се оданочуваат со персонален данок на доход

Редакција

Во блок-трансакција вредна 395.000 евра продадени 28.200 акции од Киро Дандаро Битола

Редакција

Топ 5 највисоки нето плати во октомври

Редакција