еМагазин
Image default
Македонија

До Антикорупциска нема пристигнато никаква пријава за Мухамед Зеќири, вели Ивановска

Досега во Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) нема пристигнато никаква пријава од кого било, ниту анонимна, ниту од познат пријавител, во врска со генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири, така што за сите нас ова беше новина, изјави денеска претседателката на Антикорупција, Билјана Ивановска.

Зекири денеска на својот Фејсбук профил објави дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата генералниот секретар на Владата, која премиерот Димитар Ковачевски ја прифати.

– Ја почитувам одлуката на Мухамед Зекири да се повлече од функцијата. Тоа е акт на политичка одговорност. Владата во најскоро време ќе започне постапка за избор на нов генерален секретар, изјави за МИА премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски очекува целосно транспарентна и независна постапка од Обвинителството.

– Очекувам целосно транспарентна и независна постапка од Обвинителството и судските органи и целосно почитување на пресумцијата на невиност. Владата во најскоро време ќе започне постапка за избор на нов генерален секретар, изјави Ковачевски.

Оставката на Зекири уследи откако Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба „за спроведување истражна постапка против двајца хрватски државјани и висок функционер во Владата во својство на службено лице, осомничен дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување“.

Обвинителката Вилма Рускоска денеска изјави дека предметот за истрагата за проневера која е покрената против Зекири и уште двајца хрватски државјани, Обвинителството го добило во втората половина на 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рускоска за истрагата за Зекири: Имаме податок каде се парите

Мухамед Зекири си поднесе оставка од функцијата генерален секретар на Владата

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најчестите симптоми на заболените со коронавирусот во Македонија

Редакција

Убава вест: 81 оздравени од Ковид-19, најмногу од Скопје

Редакција

Поради смртен случај на обвинителката Русковска, судењето за насилството во Собранието одложено за утре

Редакција