еМагазин
Image default
Бизнис

Бензините и дизелот поскапуваат за половина денар

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина денар по литар, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува на исто ниво, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 67,50 денари, 69,5 денари ќе чини литар ЕУРОСУПЕР БС -98, а 60 денари ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V).

Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) и натаму ќе се продава по 59 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 денари за килограм и ќе изнесува 33,881 денари.

Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати во просек е за 0,62 проценти во однос на одлуката на РКЕ од 25 месецов.

-Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 1,853 проценти, дизелот за 1,775 проценти и екстра лесното масло за 1,822 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 1,395 проценти.

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,262 проценти, наведува Регулаторната комисија за енергетика.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дури 9.075 слободни работни места во првото тримесечје од 2020

Редакција

Фабриките да ја реорганизираат работата во смени, препорача Владата

Редакција

Намалена добивката на скопски „Бетон“

Редакција