еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензинот „Еуросупер БС-98“ и Екстра лесното масло за домаќинство поевтинуваат

Моторниот бензин „Еуросупер БС-98“ и Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два, односно 2,5 денари за литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,12 отсто.

Новата малопродажна цена на „Еуросупер БС-98“ ќе изнесува 83,5, а на Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1) 74 денари за литар.„Еуросупер БС-95“ и понатаму ќе се продава за 81,5, а дизелот за 75,5 денари за литар, додека цената на Мазутот М-1 НС останува 39,779 денари за килограм.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можни промени во позицијата на Србија кон меѓународната заедница поради Косово, најави Дачиќ

Редакција

(Видео) Марко Пејчиновски ја преплива релацијата Охрид-Струга-Св.Наум-Охрид, долга 64 км: Неостварената желба, сега остварена цел

Редакција

Сомнителните повици на мобилен потекнувале од Литванија, Естонија и „Глобал Стар“

Редакција