Партијата БЕСА ќе ги поддржи измените на Уставот, под услов власта да се согласи на одржување предвремени парламентрани избори следната пролет, најави партискиот лидер Билал Касами.
„Ако за власта приоритет е промената на Уставот и внесување на Бугарите како народ во него, тогаш мора да се направи компромис за предвремени избори.
Мислам дека ако се има волја за да се решат проблемите во делот на интегрирањето и за слабото менаџирање на институциите, се надевам дека можеме да се договориме и за уставни измени и за избори,“ рече Касами на прес-конференција.
Тој најави дека ако до пролет не се одржат предвремени парламентрани избори, БЕСА ќе ги радикализира чекорите за притисок врз власта преку протести.
„Ќе се разгледа можноста од пролет, ако власта нема слух за проблемите и да излезе да се соочи со граѓаните на предвремени избори, заедно со другиот дел од албанската опозиција, во делот на организирање на протести и секаков вид на притисок врз власта за да се слушне гласот на граѓаните и што побрзо да се оди на предвремени избори,“ рече Касами, при тоа не исклучувајќи ја можноста за соработка и со ВМРО-ДПМНЕ.
Касами најави и дека БЕСА формирала „влада во сенка“ со 16 одделенија кои ќе ја следат работата на министерствата и едно за дијаспората, што ќе функционира се до предвремените избори „кога и да се случат тие“, со цел да ги лоцираат слабостите и проблемите на институциите и да ги креираат политиките на партијата во иднина.
МИА/Фото: Фејсбук/Касами