еМагазин
Image default
Македонија

Беса даде подршка за референдумот, ќе настапува со слоганот „ДА за НАТО и ЕУ како албанец, а не како процент”

Движењето „Беса“ денеска на прес-конференција најави дека ќе го поддржи претстојниот референдум и дека ќе го мотивира албанското население што помасовно да излезе на 30 септември и да гласа „за“.

– Бидејќи референдумот и уставните промени се дел од истиот процес, но во две различни фази, ние во оваа фаза понудувајќи ги потребните аргументи, ќе го мотивираме албанското население што по масовно да излезе на 30 септември и да гласа „ЗА“ на денот на гласањето, додека едно од нашите ветувања е дека во втората фаза, односно отворањето на уставните измени е дека ќе се ангажираме во согласност со нашите програмски определби и очекувањата на албанското население барањето за прецизно утврдување на терминот од „20 проценти“ да се замени со „албански” и „албански јазик”, изјави Аријанит Хоџа од „Беса“.

Слоганот под којшто ќе настапува „Беса“ е:  „ДА за НАТО и ЕУ како албанец, а не како процент”. Во следните 20 дена планираат да одржат средби со граѓани на кои ќе ги презентираат придобивките од влезот на Македонија во НАТО и ЕУ.

На прес-конференцијата беа промовирани членовите на Централниот штаб, а портпароли се  Арбен Зибери и Елмедин Мемиши.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апелациониот суд ја укина пресудата за Сашо Мијалков и Мендух Тачи за „Титаник 2“

Редакција

(ВИДЕО) Чулев и Петровска се скараа за спот во кој статисти се полицајци

Редакција

ЗНМ: Директорот на топлана „Скопје Север“, Рамадани да си поднесе оставка поради груби навреди кон новинарката Додевска

Редакција