еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) БиХ: Ученик застрела вработен во училиште во Лукавец, малолетникот е уапсен

Вработен во основното училиште „Лукавац Град“ во Босна и Херцеговина е тешко повреден во пукањето што се случи утрово. Како што потврдија за Klix.ba, пукањето го извршил малолетен ученик, која полицијата го ставила под контрола.

Утрово околу девет часот во основното училиште „Лукавац Град“ дошло до пукање во кое според првичните информации еден вработен е тешко повреден. Се уште не е потврдено за кого точно се работи, со оглед на тоа дека според едни сознанија бил застрелан педагог, а според други наставник.

Оваа информација за Klix.ba ја потврди и градоначалникот на Лукавац, Един Делиќ, посочувајќи дека пукањето го извршил ученик. Според него, полицијата веднаш го ставила под контрола и привела малолетниот напаѓач.

Исто така, пронајдено е и оружјето со кое го извршил нападот.

Сараевскиот портал Кликс неофицијално дознава дека се работи за ученик кој поради лошо однесување бил префрлен од едно во друго основно училиште.

Полицијата се уште не соопштува детали за случајот, наведувајќи дека од терен се прибираат оперативни информации.

МИА/Фото: Unsplash/видео: CrnaHronikaBiHofficial

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот директор на УБК, Атанасовски на судењето за „организаторите на 27 април“: Не разбирам за што сум обвинет

Редакција

(Видео) Скопје покриено со снег

Редакција

Војната во Украина предизвика „совршена бура“ од глобални кризи, кои можат да донесат хаос, предупредуваат од ОН

Редакција