еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Поранешниот директор на УБК, Атанасовски на судењето за „организаторите на 27 април“: Не разбирам за што сум обвинет

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски, кој е обвинет дека е дел од организаторите на насилните настани на 27 април, денеска истакна дека не може да разбере за што е обвинет и дека УБК постапувала согласно закон.

– УБК постапуваше согласно законската регулатива. Активностите се состоеја во оперативни сознанија и решенија на Врховниот суд на РСМ. Спротивно на закон не сум издал никаква наредба.

За секое непрофесионално постапување на вработените во УБК сум преземал мерки. За секое мое постапување постои доказ во институцијата, изјави обвинетиот Атанасовски.

Лидерите на патриотските здруженија лично, како што посочи Атанасовски не ги познавал.

– Не сакам да изнесам нешто друго заради класифицирани информаци. Оперативна операција „Платформа“ беше планирана од Агим Нухиу. На ова акција сум присуствувал на два состаноци.

Првиот пат дадов анализа за критични настани, исто и на вториот состанок. Од моја страна како директор беа изложени три критични датуми. Согласно законот, УБК постапува за заштита на државни интереси, изјави Атанасовски.

Тој додаде дека две недели по настаните на 27 април, УБК постапувало за предистражни мерки од секаков вид.

Обвинетиот воедно говореше и за лицето Горан Живалјевиќ, за кого рече дека е дел од „постара група на разузнавачи“, односно припадник на БИА, со „силни конекци во целото подземје на цела поранешна Југославија“, односно дека неговата кариера пред 15 и повеќе години почнува во Македонија.

– УБК максимално се ангажираше за расчистување на настаните од 27 април. Што бараше ОЈО без модификаци, без застарување на материјали се им е дадено, наведе Атанасовски.

– Критичниот ден на 27 април имав нормално активности со брифинзи и средби со замениците. Целиот работен ден бев во канцеларија. Вечерта требаше да одам на ракометен натпревар.

Некаде после Железничка добив повик од пратеникот Трајче Димков од Штип, ми рече Владимир, во Собрание настана проблем, рече во својата одбрана Атанасовски.

Тој спомна и изјава на обвинителката Ивана Трајчевска, која, според него, претходно истакнала дека критичниот ден имал контакт со Американската амбасада.

– Жалам за настанот. Недопустливо е на ваков начин да се влезе во Законодавниот дом. Како директор сум го брифирал Агим Нухиу дека може да дојде до насилен упад во Собранието, наведе Атанасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „организаторите на 27 април“: Јанакиески бара полиграф за него и Нинџа

Поранешниот министер Ристовски на судењето за „организаторите на 27 април„: Исказот на Александар Василевски – Нинџа е невистинит

МИА/Фото: МИА/архива

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пет часа траеше распитот на специјалната обвинителка Лиле Стефанова: „Се што знам споделив“

Редакција

Нови жичари, хотели, угостителски објекти, ски патеки: „ТехноАлпин“ го претстави планот за ски-центарот Попова Шапка

Редакција

Нови 139 заболени од корона вирусот од 1.377 тестирања, најмногу во Скопје, Куманово, Кичево и Штип

Редакција