еМагазин
Image default
Македонија

На границата со Бугарија се вакцинирале 540 граѓани на Македонија

Сè уште има голем интерес за вакцинирање на граѓаните на Северна Македонија со вакцините обезбедени од компанијата на бугарскиот филантроп и сопственик на една од најголемите фармацевтски компании во Југоисточна Европа, Милен Врабевски.

Досега, од почетокот на кампањата на 17 мај, вакцинирани се 540 граѓани на Северна Македонија, изјави Милен Врабевски за дописникот на МИА од Софија. Тој ги отфрли шпекулациите на медиумите дека наплаќал по 30 евра од вакцина и рече дека е посветен на хуманата идеја што повеќе луѓе да вакцинираат против Ковид-19.

Врабевски повтори дека сите граѓани на Северна Македонија можат да се јават на пунктовите во Станке Лисичково и Златарево без никакви проблеми, а единствениот услов е да закажат термин на Вибер +359 886 800 264 (Вибер), +359 882 516 981.

Тој вели дека сите вакцини одобрени од ЕУ се достапни на трите гранични премини меѓу Бугарија и Северна Македонија. По искажаната желба за вакцинација, екипите на Комак Медикал ги контактираат со луѓето за одредување на терминот за вакцинација.

Милен Врабевски во разговор со дописникот на МИА од Софија предложи македонските власти да им го олеснат преминувањето на границата на луѓето за да можат да дојдат во пограничната област, за полесно да се вакцинираат.

Тој вели дека се издаваат потврди, но луѓето треба да имаат во предвид дека системот е европски и понекогаш има грешки во правописот на датата на раѓање. Вакцинацијата од компанијата на Милен Врабевски се спроведува со вакцини обезбедени од претходната бугарска влада.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Скандирање УЧК, димни бомби, камења за полицијата и погрдни зборови за Фетаи на протестот за подршка на на обвинетите во „Монструм“

Редакција

Намалување од 14,6%: За една недела 5.518 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Вработена во армијата пријавила обид за обљуба од колега, Министерството за одбрана го испитува случајот

Редакција