еМагазин
Image default
Бизнис

БИМ од Свети Николе во првите три месеци со добивка

БИМ АД Свети Николе  за периодот јануари – март  2022 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Во периодот од 01.01. до 31.03.2022 година, БИМ АД Свети Николе оствари нето добивка од 4.477.000 денари.

Во првото тримесечје од 2022 година остварен е приход од продажба во износ од 76.935.000 денари, што е за 29% повеќе во однос на истиот период претходната година. По структурата на застапеност во вкупните приходи, приходите од домашен пазар учествуваат со 41%, додека од странскиот пазар со 59%.

Оперативните расходите за првите три месеци од оваа година изнесуваат 59.063.000 денари и се поголеми  во однос на истиот период од претходната година. Најголемо учество во вкупните трошоци имаат потрошените суровини и репроматеријали и изнесуваат 45.665.000 денари“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БИМ од Свети Николе ги објави платите на менаџментот

БИМ од Свети Николе во првите шест месеци од годинава со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мода„ од Свети Николе со зголемена добивка

Редакција

ДЕ-ИНВЕСТ – дел од успешната приказна со раст во ЕУ, Југоисточна Европа, Азија и Средниот Исток

Редакција

Виктор Панчевски нов в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“

Редакција