еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Бимилк ги изненадува своите верни потрошувачи: Омилените млечни производи во поголемо пакување, а по иста цена

Додека се соочуваме со предизвиците на зголемената инфлација, која предизвика раст на цените во сите индустрии, па и во млечната, Бимилк деновиве излегува на пазарот со гратис количина на омилените млечни производи, сега достапни во поголеми пакувања, а по истите цени како постоечките производи: Битолски јогурт 1450г + 250г; Битолски густ јогурт 1450г + 250г; Баланс+ 1450г + 250г; Битолско кисело млеко 400г + 80г, информираат од таму.

„Сметаме дека нашите производи се неприкосновен дел од секојдневната здрава исхрана, а Бимилк како компанија која создава производи со врвен квалитет – докажан повеќе од 70 години, секогаш е посветена да ги задоволи потребите на нашите потрошувачи. Секој денар е важен, а ова се времиња кога тоа особено значи.

Токму затоа оваа кампања има за цел да ја покаже нашата благодарност кон верните потрошувачи и нивната лојалност. Активно ги следиме нивните потреби и оваа кампања е одговор на тоа,“ истакнува Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер на Бимилк.

Оваа понуда може да се искористи со посета на најблиската продавница во која ќе го најдете омилениот вкус на јогурт и кисело млеко. Истата ќе трае еден месец, до потрошување на количините во маркетите.

Бимилк е општествено одговорна компанија која е посветена на обезбедување најквалитетни млечни производи секогаш достапни за своите потрошувачи, а оваа кампања е еден од начините да се покаже таа посветеност, особено сега кога овие промени на цени влијаат врз куповната моќ, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Митко Јанчев донираше 10.000 евра за лекување на Бошко

Редакција

Хуманитарен пикник на Алкалоид

Редакција

Покрај Шведска, македонската ТВ-серија „Зоки Поки“ ќе се емитува и во Норвешка

Редакција