еМагазин
Image default
Македонија

Бислимоски: Нападот нема да ме поколеба да работам исклучиво според закон

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски изјави дека како регулаторно тело ги презеле сите мерки за заштита на електроенергетскиот систем и дека постапката за одземање на лиценцата на „У пауер“ е почната откако е добиен допис од МЕПСО за злоупотреба на балансираната енергија за комерцијални цели.

– Преземавме мерки за да го заштитиме електроенергетскиот систем. Кон таков чекор се одлучивме откако МЕПСО ни испрати допис и алармираше за „У пауер“. Во август и половина на септември биле користени овие резерви за комерцијални потреби, истакна Бислимоски на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“.

Посочи дека доколку се злоупотребат резервите и наместо да се балансира системот, тие се користат за комерцијални цели, тогаш би бил загрозен енергетскиот сектор.

Инцидентот во кој беше нападнат, како што рече, нема да го поколеба да работи исклучиво согласно законот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработените во РКЕ: Нападот врз Бислимоски го сметаме за притисок врз работењето и системот на регулирање на пазарот

Синот на Муса Џафери не му се извинил на Бислимоски, велат од РКЕ

Кривична пријава против синот на Муса Џафери кој физички го нападна претседателот на РКЕ, Бислимоски

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарите да влезат како државотворен народ во македонскиот Уставот, не како малцинство, бара Бугарија

Редакција

Захариева: Во Македонија се добиваат избори на антибугарска реторика, кај нас не е така

Редакција

Телма: Миленкоски помогнал бегство на македонски државјанин, а не на ерменски бизнисмен

Редакција