еМагазин
Image default
Бизнис

Битолски СН Брокер лани со зголемена добивка

СН Брокер АД Битола, во периодот јануари-декември 2022 година оствари позитивни финансиски резултати, искажани во неревидираниот Биланс на успех, информираат од Друштвото преку Македонската берза.

-Остварените вкупни приходи во периодот јануари-декември 2022 година изнесуваат 302.352 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат раст од 0,8%. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 91%, имаат приходите остварени со продажба на полиси, кои во споредба со остварените во 2021 година бележат пад од 1,7%.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари-декември 2022 година изнесуваат 241.855 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат раст од 0,5%.

Остварената нето-добивка во 2022 година изнесува 54.149 илјади денари и во споредба со остварената во 2021 година бележи зголемување за 6,7%, велат од Друштвото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Окта“ ги зголеми приходите

Редакција

СКМ: Влијанието на политиката врз економијата изминативе години беше големо

Редакција

„Попова кула“ оствари добивка од 4 милиони денари за девет месеци

Редакција