еМагазин
Image default
Бизнис

„Окта“ ги зголеми приходите

Финансиските резултати на „Окта“ во првата половина од 2018 година бележат значително зголемена профитабилност, како резултат на позитивниот ефект од залихите поради нагорниот тренд на меѓународните цени на горивото како и позитивниот ефект од оптимизација на трошоците, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Прилагодената ЕБИТДА изнесува 85 милиони денари за вториот квартал од 2018 година, пониска во споредба со 133 милиони денари за вториот квартал од 2017 година, главно поради пониските маржи кои произлегоа од повисоките дисконти остварени како резултат на промените во структурата на плаќање.

На полугодишно ниво, прилагодената ЕБИТДА, движејќи се во иста насока, достигна 152 милиони денари, споредено со 244 милиони денари за истиот период минатата година, главно поради веќе претходно споменатите причини“, информираат од компанијата.

Приходите од продажба изнесуваат 12.116 милиони денари, што е повисоко во споредба со истиот период минатата година (10.718 милиони денари) како резултат на повисоките меѓународни цени на горивото.

Целосно подобрување на добивката пред оданочување во споредба со првиот квартал од 2017 година е достигнато во вториот квартал од 2018 година, во износ од 74 милиони денари, што е на значително повисоко ниво од 13 милиони денари за истиот период минатата година.

„Тоа главно се должи на позитивниот ефект од залихите од 60 милиони денари, како резултат на високите меѓународни цени на горивото, додека истиот ефект во текот на вториот квартал од 2017 година беше негативен за 41 милиони денари.

Во слична насока се движи и добивката пред оданочување за првата половина од 2018 година, достигнувајќи еквивалентно ниво во споредба со истиот период минатата година, поради веќе споменатите причини елаборирани претходно во текстот.

Ликвидноста на компанијата, како резултат на промените во структурата и динамиката на плаќања, остана на рекордно високо ниво, кое и обезбеди на компанијата непречено да ги извршува своите оперативни активности, без притоа да ги употреби кредитни линии кои ги има на располагање.

Компанијата е секогаш посветена да остави позитивна еколошка трага и да открие начини преку кои ќе помогне кон изнаоѓање на ефективни решенија за заштита на животната средина. Така, преку својот иновативен еко-проект, компанијата најде природен начин за третирање на нафтениот талог, со помош на микроорганизми и растенија, како биолошки третман, без употреба на хемикалии“, велат од компанијата.

Оттаму додаваат дека со повторно спроведување на својата програма Гаранција, која што е единствена во земјава, компанијата продолжува да ги уверува своите клиенти во точната количина и врвниот квалитет на своите горива, на сите бензински станици со брендот ОКТА.

„Исто така, во изминатиот квартал, компанијата ја даде својата поддршка за организирање на неколку реномирани музички и културни фестивали во земјава. Компанијата останува посветена на фер и транспарентната соработка со своите партнери, добавувачи и потрошувачи, со цел да осигура редовно и непрекинато снабдување со висококвалитетните горива на локалниот и на соседните пазари, додека продолжува да расте и да придонесува кон општеството“, велат од „Окта“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов, изолиран случај на африканска чума кај домашни свињи во село Петралица

Редакција

Отповикувања и оставки во Управниот одбор и Надзорниот одбор на „Скопски пазар“

Редакција

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 68.557 денари убедливо на врвот

Редакција