еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ТЕЦ „Неготино” поради ремонт нема да произведува струја 70 дена

ТЕЦ „Неготино” не работи од ноќеска на полноќ затоа што влегуваме во седумдесетдневни предвидени планирани ремонтни активности, изјави за МИА, генералниот директор Небојша Стојановиќ.

Тој рече дека ремонтните активности ќе траат наредните 70 – 75 дена.

– Вкупниот конзум на потрошувачка на електрична енергија во Република Северна Македонија во целост ќе се надоместува од енергетските капацитети РЕК „Битола”, РЕК „Осломеј” и обновливите извори на енергија, коишто се расположливи од АД ЕСМ, појасни директорот Стојановиќ.

Стојановиќ нагласи дека ќе нема никаков проблем со електрична енергија.

– Без застој, работевме во полн капацитет од почеток на декември месец, досега. Четири месеци без ниеден испад, без ниеден застој. Со тоа, срушивме рекорд од кога е направена електраната. Многу битно е исто така, од 2021 година, кога почна енергетската криза, досега, ТЕЦ „Неготино” во период од година и половина и повеќе, нема влезено во редовни ремонтни активности, додаде Стојановиќ.

МИА/Фото: ЕСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голем пораст на извозот на „Алкалоид“ во САД, Русија, Британија…

Редакција

Не очекува нов бран на зараза со корона вирусот на есен

Редакција

Детален преглед: Во 21 град во Македонија заразени со коронавирусот

Редакција