еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Демократски сојуз нема да учествува во работната група за промена на Уставот

Демократскиот сојуз сметa дека пред да почне постапка зa внесување на Бугарите во Уставот, неопходно е од Бугарија да се обезбеди реципроцитет, Македонците да бидат признаени и да можат да се организираат и здружуваат преку формирање културни центри, здруженија на граѓани, политички партии и други форми на асоцијации, заради негување и афирмација на културните, јазичните, историските и другите обележја, права кои во Македонија ги имаат сите етнички заедници, вклучително и Бугарите, велат од Демократскиот сојуз.

-Сѐ додека Бугарија го негира македонскиот народ, како и автентичноста на македонскиот јазик, Република Македонија не треба да почнува постапка за промена на Уставот. Поради тоа, Демократскиот сојуз нема да номинира свој претставник во работната група за промена на Уставот.

Демократскиот сојуз бара Владата на Република Македонија директно, како и со помош на ЕУ и САД, да инсистира на признавање на Македонците во Бугарија.

Признавањето на Македонците во Бугарија ќе биде мал чекор на официјална Софија, но со историски димензии и почеток на нормализација на односите помеѓу Македонците и Бугарите, како и помеѓу двете држави, Македонија и Бугарија, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица нема да учествува во работната група за уставни измени

ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работната група за уставните измени

Алтернатива нема да учествува во работната група за измени на Уставот

Фото: ДС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев на Самитот на земјите од Западен Балкан во Тирана

Редакција

(ВИДЕО) Актерот Алек Болдвин на филмски сет уби директорка на фотографија и го рани режисерот

Редакција

Членовите на Советот за безбедност на ОН го осудија Хамас, Русија не

Редакција