еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Актерот Алек Болдвин на филмски сет уби директорка на фотографија и го рани режисерот

Холивудскиот актер Алек Болдвин пукал од реплика пиштол на филмски сет во Ново Мексико, при што ја убил директорката на фотографија Халина Хачинс и го ранил режисерот Џоел Соуза, соопштија локалните власти.

Смртоносниот инцидент се случил за време на снимањето на независниот игран филм „Rust“, ​​соопшти канцеларијата на шерифот на областа Санта Фе.

Од канцеларијата на шерифот потврдуваат дека за време на снимањето на филмот биле застрелани две лица.

„Халина Хачинс (42), директор за фотографија и Џоел Соуза (48), режисер, беа застрелани кога Алек Болдвин (68), продуцент и актер, испукал од огнено оружје“, се вели во соопштението на полицијата.

МИА/Фото: Jum Weber/New Mexican/видео: KOB 4

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Масовни синдикални протести во Грција, подршка дадоа и Ципрас и Варуфакис

Редакција

ИТНО е потребна крв Б-група, за пациент со акутна леукемија

Редакција

Просечната возраст на заболените со Ковид-19 во Македонија е 44 години

Редакција