еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Членовите на Советот за безбедност на ОН го осудија Хамас, Русија не

На вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), САД и Израел повикаа на остра осуда на палестинските исламисти, кои владеат со блокираниот Појас Газа и започнаа ненадеен напад во саботата, а во во борбите кои се уште траат загинаа вкупно над 1.200 лица.

– Има добар број земји кои ги осудија нападите на Хамас. Очигледно не се сите, изјави за новинарите високиот американски дипломат Роберт Вуд по седницата зад затворени врати.

– Веројатно можете да погодите кој е еден од нив без јас да кажам ништо, рече Вуд, јасно алудирајќи на Русија, пренесува угледниот египетски весник „Ахрам“.

Дипломатите рекоа дека на Советот за безбедност не се разгледувала никаква заедничка изјава, а не пак обврзувачка резолуција, затоа што членките предводени од Русија инсистираат на поширок фокус наместо само на осуда на Хамас.

– Мојата порака беше веднаш да се запрат борбите и да се оди на прекин на огнот и на значајни преговори, што со децении го кажува и Советот за безбедност, рече Василиј Небензија, рускиот амбасадор во Обединетите нации.

– Ова е делумно резултат на нерешени прашања, рече тој.

Кина рече дека ќе поддржи заедничка изјава.

– Не е нормално Советот за безбедност да не каже ништо, рече амбасадорот Жанг Јун, кој претходно вети кинеска поддршка за осуда на „сите напади врз цивили“.

Влегувајќи во седницата, амбасадорот на Израел, Гилад Ердан, покажа графички слики на израелски цивили кои се заробени од Хамас.

– Ова се воени злосторства – бесрамни, документирани воени злосторства, рече Ердан.

– Ова незамислива, незамисливо, злосторство мора да биде осудено, порача тој Советот за безбедност. На Израел мора да му се даде цврста поддршка за да се одбраниме – да го браниме слободниот свет, истакна Израелецот.

Постојаниот палестински претставник кој ја претставува палестинската управа во центарот на Западниот Брег, а не ривалскиот Хамас го повика Советот за безбедност да се фокусира на ставање крај на израелската окупација.

-За жал, историјата за некои медиуми и политичари започнува кога Израелците ќе бидат убиени, рече претставникот Ријад Мансур.

-Ова не е време да му се дозволи на Израел двојно да ги минимизира своите страшни избори. Ова е време да му кажеме на Израел дека треба да го смени курсот, дека постои пат до мир, каде нема да се убиваат ниту Палестинци ниту Израелци, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обид да се стави крај на зближувањето меѓу Израел и арапските држави: Дали нападот на Хамас имаше скриена цел

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Девет починале во април: Од Ковид-19 починаа 18 лица, најмладиот на 41-годишна возраст

Редакција

„Огнените“ и официјално станаа фракција на ДУИ

Редакција

Владата ги повика операторите: Ќе се бара решение да не дојде до медиумски мрак во земјава

Редакција