еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бизнис-центарот „Соравиа“ во Скопје добива нови сопственици

Од Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) информираат за известување за концентрација со која „Тхор индустриес“ ДООЕЛ Скопје и и албанската „Пе-вла-ку“ ќе стекнат заедничка контрола над “Соравиа инвест“ ДООЕЛ Скопје и над “Соравиа менаџмент“ ДООЕЛ Скопје.

-На ден 09.06.2023 година до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доствено известување за концентрација со која Друштво за производство, трговија и услуги „Тхор индустриес“ и „Пе-вла-ку“ ќе стекнат заедничка контрола над Друштвото за градежништво и услуги “Соравиа ивест“ и над Друштвото за градежништво и услуги “Соравиа менаџмент“, велат од КХЗ.

Според информациите кои ги споделува КХЗ, „Тхор индустриес“ е друштво основано во 2020 година.

Основната дејност на компанијата е развој на градежни проекти.

Има подружница – Тхор ИТ системс Скопје, која врши компјутерско консултантски дејности.

„Пе-вла-ку“, според КХЗ е една од најголемите градежни компании во Албанија и Косово, основана во 2005 година.

-Во своето постоење, а особено во последните години, „Пе-вла-ку“ има планирано и успешно реализирано десетици градежни проекти. „Пе-вла-ку“ има направено успешни чекори во слободната пазарна економија и со своите проекти беше дел од развојот на двете земји. Со искуство од над 14 години, нивната работа, работење и делување се проширува и тие се присутни во многу зони на Албанија и Косово.

Во Македонија, „Пе-вла-ку“ има присуство преку својата подружница “Певла-КУ“, Тирана, Албанија, велат од КХЗ.

“Соравиа инвест“ е друштво со ограничена одговорност основано во 2006 година, со регистрирана дејност – издавање и управување со сопствен недвижен имот или недвижен имот земен под закуп (лизинг).

Таа е сопственик на Бизнис центарот “Соравиа“ во Скопје.

“Соравиа менаџмент“ е друштво со ограничена одговорност основано во 2006 година, со регистрирана дејност – управување со недвижен имот со хонорар или врз база на договор и дејствува како давател на услуги за управување на Бизнис центарот “Соравиа“.

-Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана.

Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата, велат од Комисијата.

Фото: Фејсбук/Соравиа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за примена на јазикот вработува 13 лица, плата до 30.560 денари

Редакција

Албански партии бараат Заев да се извини и да ја повлече изјавата за формирањето на војската на Косово

Редакција

Ердоган: Не треба да се инсистира оти ракетата е лансирана од Русија, тоа би било провокација

Редакција