еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Денеска почнува летото

Летото почнува денеска во 16 часот и 57 минути, а во исто време на Јужната хемисфера почнува зимата.

Денесka денот ќе биде најдолг, а ноќта најкратка. На денот кога почнува летото, Сонцето го прави својот најголем лак над хоризонтот. Изгрева на североисток, на југ ја достигнува најголемата дневна висина, а заоѓа на северозапад.

Во Скопје, Сонцето изгреја во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути.

На првиот ден од летото, синоптичарите најавуваат сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 25 до 35 степени.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Досегашните мерки остануваат на сила, одлучи Комисијата за заразни болести

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија, најави Мицкоски

Редакција

Испитани илјадници примероци – ниту еден не потврдил дека милениците го шират коронавирусот

Редакција