„До мене е допрено се. Јас сум човек кој е прилично информиран. Бранко Героски е читан новинар кој со години е почитувано перо кај нас и за истиот можам да кажам дека бил гостин во оваа телевизија.
Да му олеснам него и на јавноста јас сум тој за кој пишува Героски и за кој се изречени лаги и сериозни обвинувања. Јас и сега нема да реагирам. Героски е новинар, тој има задача да пишува. Јас сум свесен дека Македонија е општество кое живее за афери, крв и месо.
Ние не бараме правда, туку крв. Кој и да ги измислува приказните гарантирам дека ќе завршат неславно. Прилично сум убеден во тоа што зборувам“, вели првиот човек на 1ТВ и БМЈ Медиа Груп, Бојан Јовановски во интервју за 1ТВ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бранко Героски: Само Бојан Јовановски знае зошто се препознал во моите написи
Се води истрага за написите за „Коки“ и „Кики“, рече Заев од Собрание
Сметката на 1ТВ блокирана од УЈП, па одблокирана откако беше платен долгот
Фото: 1ТВ